Сопственикот на фирмата „Атриум“ од Вевчани, Бобан Мукоски во реакција до Телевизијата 24 ги демантира тврдењата на генералниот секретар на владата, Драги Рашкоски.
Според него Рашковски говорел невистини и цената што била кажана на прес конференцијата била за четири пати поголема од реалната цена на неговата фирма.
Тој вели дека цената била 180 денари за метар квадратен во што било вклучено чистење, подготовка, бојадисување, крпење на одредени оштетувања.
Според него, договорот бил склучен со рамковна спогодба а за наводите побара извинување и најави тужба, објави ТВ24.
Рашковски денеска обвини дека фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат, пред одржувањето на Супер Купот во Скопје.
Според него, има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на Градскиот стадион во пресрет на одржувањето на Суперкупот.