Брат, сестра и нејзиното момче починаа од струен удар додека се обидувале да го спасат своето бебе од автомобил

by Fokus

Три лица починаа од струен удар откако се лизнаа на мраз и завршија на далновод кој падна врз автомобил за време на бура во Портланд, Орегон.

Очајниот татко Роналд Бригс изјави дека неговиот 15-годишен син и 21-годишната ќерка, која била бремена, загинале откако нагазиле на жица додека се обидувале да го спасат нејзиното деветмесечно бебе од згмечениот автомобил.

Починало и нејзиното момче, кое исто така било погодено од струен удар, додека се обидувало да го спаси детето.

Бебето на крајот ја преживеало трагедијата и било спасено од соседката Маџија Вашингтон, која бил сведок на целиот настан.

Таа успеала да ја избегне жицата под напон и да го грабне бебето од автомобилот.

Рик Грејвс, портпарол на Портланд противпожарна и спасувачка служба, ја пофали Вашингтон за нејзиното херојство, признавајќи дека не разбира како таа и бебето не биле погодени од струен удар.

Трагедијата се случи додека овој дел од Америка се бори со снег, лапавица и мраз.

Поради екстремните температури починаа најмалку 10 луѓе во Орегон, заедно со уште пет во Сиетл поради хипотермија.

Поврзани новости