„Тврдам дека никогаш не сум соработувал со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ, ниту сум работел против „Достоинство“, во моја лична корист. Ова што го слушнав е потешко од мината која ми нанесе телесни рани. Ова е голем срам е за мене како личност која има свое достоинство, а не е полтрон кој работи на пет полиња, а треба да глуми дека е во една институција“- изјави Сашо Величковски, бранител од 2001-та на пресот пред МВР. Неговата рекација следува откако беше објавен снимен разговор од СДСМ меѓу Мијалков и Јанкуловска.
Тој вели дека сеуште има тужби против него и дека МВР сеуште му ги бара парите исплатени од судот, иако Јанкуловска го замолува Мијалков да интервенира во Врховен за да падне тужбата на МВР, оти Величковски работел за партијата.
„Нека припазат со своите разговори и човечкото достоинство, на тие врни функции треба да имаат поголема култура. Се уште е во тек процесот и се водат постапки против мене, толку е се замрсено што не знам кој се ме тужи-дали народен правобранител, дали државен правобранител, на една страна го добивам предметот, на друга пак губам. Дел од сумата која ја имаат доделено ја бараат со затезна камата да ја вратам и која е многу пооглема. Откако судот ни додели пари, до сега имаат поминато повеќе од осум години“ – објасни Величковски.
При обезбедување на државна граница на север тој нагазил на противпешадиска мина и завршил со сто шрапнели во телото, а му биле извршени девет хируршки интервенции.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Втората работа е, една молба до тебе имам.
СМ: Аха.
ГЈ: Има едно човече, аа, Величковски Сашо се вика, ние сме го тужеле, он е сега пензионер…
СМ: Добро.
ГЈ: …повреден у 2001. И сега ние, као на Влада имавме став да повлекуваме тужби…
СМ: Аха.
ГЈ:…сите тие работи, ама имаше еден дел на тужби што не можевме да ги повлечеме, оти веќе се беше завршено.
СМ: Добро.
ГЈ: И човеков, сега пред Врховен му е предметот, практично по наша тужба од МВР, да враќа пари за оштета. Тој исто ни врши многу работа на терен, овие Достоинство ги…им отцепува…
СМ: Што треба да правиме ние?
ГЈ: Да го изгубиме спорот, ние МВР на Врховен.
СМ: Добро. Прати ми број и готово.
ГЈ: Ќе ти пратам бројче, ама да знаеш што е работава. Да не се чудиш кога ќе ти го пратам и….
СМ: Да де да. Прати ми бројче и ќе го изгубиме.
ГЈ: Оти он више знаеш, ги зел парите…
МП: Не кажувај да добиеме, за губење лесна работа.
ГЈ: Не бе па ти, тој ги зел парите и мислам што и да е, и говедо да е, Македонец е, ранет у војната. И да не е ваква работа, а башка ни помага у Паланка ни помогна, кумановско ни помогна, со овие знаеш инвалиди, вакви-такви…
СМ: Кажи му ќе му завршиме работа и готово.
ГЈ: Супер, ти праќам бројче. Толку те барам јас.
СМ: Важи, ајде.
ГЈ: Ајде, поздрав.
СМ: Чао.