Бранимир Јовановиќ станува дел од тимот во Министерство за финансии

by Fokus

Бранимир Јовановиќ, еден од граѓанските активисти станува дел од тимот, кој ќе управува со Министерството за финансии.

– Точната позиција уште не се знае, ќе ги објавам деталите кога сѐ ќе се официјализира. Знам дека влегувам во ова клучно министерство во многу сериозен период, кога ќе треба и да се коригираат многу работи од претходното владеење, и да се прават промени во насока на поправедно општество. Нема да биде воопшто лесно, во тоа се уверив и овие два дена, но токму затоа и прифатив, зашто сакам предизвици и зашто ако сега не се промени нешто, никогаш нема – напиша Јовановиќ.

 

 

Поврзани новости