Италијанскиот премиер Џентилони го покани Заев на Самитот во Трст

by Fokus

Премиерот на Италија, Паоло Џентилони испрати честитка до новиот премиер Зоран Заев за формирањето нова влада, соопшти денеска италијанската амбасада во Скопје.

Џентилони исто така го поканил Заев да учествува на Самитот во Трст, кој се одржува во рамки на „Процесот Западен Балкан“.

И шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано испрати честитка до неговиот нов колега, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Во честитката се наведува дека Италија ќе продолжи да ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија.

Поврзани новости