768
Охридскиот советник и бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат понудиле по 10 илјади евра во кеш како гаранција за да излезат од притвор во охридскиот затвор, откако вчера самите се пријавија по неколку дена бегство.
Тие бараат мерката притвор да им се замени со поблага мерка, но на ваквото барање се спротивставува обвинителството.
Нефи Усеини и неговиот брат се осомничени за нападот врз охриѓанецот Спирко Топалоски и добија 8 дневен притвор. Според првичниот исказ на нападнатиот тој бил тепан со пиштол по глава, но потоа со изјава преку својот адвокат, Топалоски тврдеше дека не видел оружје и недоразбирањата со неговиот пријател се надминати.