420
Двајца браќа од Неготино вчера го пронашле нивниот татко починат откако заминал да лови риба на реката Вардар, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
По овластување на дежурен Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Неготино, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.
По извршениот увид било констатирано дека нема траги на насилство над мртвото тело и по наредба на Јавниот обвинител, истото било предадено на семејството.