Самиот си нанел убоди со нож во стомак во старечки дом

by Фокус

Во Градската општа болница завчера околу 19 часот со убодни рани во стомакот бил примен В. Р. (78) од Скопје, кој раните си ги нанел самиот во една од собите на старечки дом, каде бил сместен.

Откако бил пронајден од страна на персоналот во домот, била повикана Итна медицинска помош, по што повредениот бил пренесен во Градска општа болница.

Од полицијата информираа дека повредениот на персоналот им изјавил дека самиот се повредил.

Поврзани новости