Бремена жена, која била во седмиот месец, незиниот сопруг и син, вчера биле нападнати од маж и жена, кои по нив удирале со клоци, тупаници, но и дрвена палка, информираат од МВР. Нападнатата трудница е задржана на болничко лекување.
-Било пријавено дека на улицата “Владимир Комаров“ во барака, Ф.К.(30) заедно со неговата сопруга С.Д.(22) физички ги нападнале М.Е.(32) и неговата сопруга М.Д.(29). М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка. Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.