Божиновски излезе од притвор по 15 месеци

by fokus

Новинарот Зоран Божиновски денеска беше пуштен од притворот од затворот во Шуто Оризари. Тој во притвор помина речиси 15 месеци.

Кривичниот суд вчера одлучи да му го укине притворот и да го замени со други мерки на претпазливост.

-Постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена, беше наведено во соопштението од Судот.

ФОТО: ПлусИнфо

Поврзани новости