94
Претседателка Гордана Сиљановска Давкова ги именува првите луѓе во својот кабинет. Ѓорги Божинов за генерален секретар и Горан Момироски за заменик генерален секретар на Кабинетот.
Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската Унија во овие области.
Долгогодишниот новинар Момировски беше соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.