594
По 12-ти пат, денеска во Прилеп, ќе се одржи манифестацијата „Божиќен ручек“ во организација на Детската амбасада на сите деца во светот, на која 500 деца од сите градови ќе ручаат, ќе се дружат и ќе го слават Христовото раѓање.
Ручекот е организиран за децата без родители, деца на загинати бранители, деца со посебни потреби и деца – истакнати членови на Детската амбасада.
Во рамките на манифестацијата Детската амбасада на сите деца на светот ќе го додели и орденот „Носител на мирот“ и плакетата „Пријател на децата“, а трпезата ќе ја благослови митрополитот г. Петар.