Денеска сончево, од среда дожд

by fokus

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. Магла и ниска облачност ќе има по котлините, а утринските температури се движат од -4 до 2 степени, додека денските ќе се искачат од 6 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер, со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до -4, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Стабилно и суво време ќе имаме до среда со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе се движат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.

Од среда се очекува во западните и јужните делови на Македонија да има повремени врнежи од дожд.

Поврзани новости