Божиќ без врнежи од снег, патиштата проодни

by Фокус

АМСМ предупредува на внимателно возење доколку некој патува за празникот. Сообраќајот низ целата држава се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозите. Поради ниски температури можна е појава на голомразица, што е уште една причина за прилагодување на брзината и почтување на сообраќајните правила.

АМСМ информира дека на сила е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга.

„Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.“- стои во нивното соопштение.

Што се однесува до временската прогноза празничниот ден ќе помине во минусни температури, но не се најавуваат снежни врнежи. Од УХМР соопштуваат дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветар.

 

Поврзани новости