По десет дена пробиен е снегот кон селата во Македонски брод

by Фокус

Механизација за отстранување на снегот е ангажирана во селата од реонот на Македонски брод. Десетина дена жителите на тамошните 40-тина планински села беа отсечени од светот. Во нивните дописи до „Фокус“ наведуваат дека конечно надлежните институции испратиле камиони и багери кои полека го пробиваат патот, а со тоа ја олеснуваат комуникацијата на жителите до другите населени места.

Некои села, како Битово, неколку дена немаа храна и лекови со што животот на децата и старите беше отежнат. Жителите сега тврдат дека полека ситуацијата се нормализира и дека пристигнале првите пратки со намирници, средства за хигиена и лекови.

Со оглед дека беа заборавени од локалната и централната власт, неколкумина жители за тешката ситуација со снегот алармираа преку „Фокус“.

 

Поврзани новости