Божествена литургија во манастирот на Матка по повод Голема Богородица

by fokus

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка, кај Скопје денеска ќе се одржи божествена лирургија, со која ќе чиноначалствува архиепископот на Македонската православна црква Охридска архиепископија г.г Стефан.

Во дворот на манастирот, традиционално ќе се одржи крводарителска акција.

По повод празникот синоќа во манастирот се одржа вечерна богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.

Поврзани новости