Променливо облачно време со слаб локален дожд

by fokus

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а  дневната од 20 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од среда ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.

Поврзани новости