Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, денеска ги уверуваше медиумите дека надворешните соработници на премиерот не се фантоми, туку се луѓе со име и презиме, кои по професија се професори и експерти. На новинарско прашање Бошњаковски рече дека Заев има околу 54 совеници, но не беше сигурен за бројката. Меѓу нив се и надворешните соработници кои инсистираше дека не се советници.
-Советниците се секојдневно на работа согласно нивните договори, дел од нив се во секторот за односи со јавност. Надворешните соработниици, пак, работат по потреба на одредени активности. Со дел се имам видено во Владата, не се работи за фиктивни луѓе или фантоми, туку имаат имиња и презимиња. Работат постојано и присутни се – рече Бошњковски.
Тие се избор на премиерот, додаде Бошњаковски, и тој ја оценува нивната работа затоа што не се административни работници.
Владиниот портпарол посочи дека сепак бројот на советници кои ги имал претходниот премиер, Никола Груевски, бил како што рече тројно поголем.
-Од 2006 до 2010 не се обрботени податоците и бројката сигурно ќе биде поголема од 91 советник. Во моментов со бројот на советници на Груевски сумата е тројна поголема од советниците на актуелниот премиер. Во моментот кога ќе ги најдеме документите до 2010 очекуваме да добиеме тројно поголема бројка – додаде тој.