401
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, изјави дека и после продажбата на Мерцедесот, вреден 600.000 евра, високите делегации во Македонија ќе се спроведуваат и обезбедуваат како до сега. Неговата изјава следува по вчерашната одлука на Владата да го стави на јавна аукција Мерцедесот, со почетна цена од 230.000 евра.
– Мерцедесот е симбол на едно време кое сакаме да го оставиме зад нас, симбол е на нерационалното трошење на парите на граѓаните. Високите гости во Македонија ќе се обезбедуваат како до сега со највисоки безбедносни стандарди. Нема да има никаква разлика – рече тој.