Цветковски ќе директорува со МРТ додека Владата не го промени законот

by fokus

Директорот на МРТ, Марјан Цветковски, кому Програмскиот совет на МРТ му додели уште еден мандат, ќе биде на чело на јавниот сервис се додека Владата не го промени законот. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека Владата нема никаква поврзаност со неговиот избор и дека тоа е одлука на Програмскиот совет кој функционира во стариот состав.

-Граѓаните знаат на кон начин работеше Програмскиот совет и под чии влијанија. Веднаш по усвојување на новиот закон ќе се овозможи непартиски раководни подизиции и во МРТ и во Агенција за медиуми. Овој избор е на важност се додека не го усвоиме законот. Владата ќе ја прекине праксата на нетранспаратеност и ќе овозможи департијазација на МРТ и на Агенцијата  рече Бошњаковски.

Новото законско решение, додаде тој, до крајот на неделата може да се најде на владина седница.

 

Поврзани новости