Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски по одложувањето на рочиштето за „Тортура“ истакна дека очекува конечно да профункционира правната држава.
На новинарско прашање дали очекува на суд да се појави поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, Бошкоски рече дека доколку судот одлучи дека тој треба да се појави, сигурно ќе дојде.
„Не чувствувам некоја специјална потреба за тој лик да го видам на судењето – истакна Бошкоски.
Прашан дали денеска во судот првпат ги гледа припадниците на единицата „Алфи“ кои го апсеа рече дека ги гледа првпат по речиси седум години.
„Истите ликови се. Сега не се толку расположени како тој ден кога ја извршуваа задачата од нивниот наредбодавецот и тогашен шеф на државната безбедност – изјави Бошкоски.