Претседателот на партијата „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски во порака по повод празникот „Прочка“ напиша дека им проштева на оние кои, како што вели, сурово му нанеле зло, мислејќи, меѓу другото, и на претходната влада која му ја одзеде слободата.
„Онака како што Исус со целото свое битие го возљуби човештвото, и ги плати човековите гревови со својот живот, и на сите нас ни порача да чекориме по неговиот пат, патот на мирот на љубовта, на простувањето на вербата. Денес на овој ден јасно и недвосмислено кажувам, силата која треба да ја имате за да простите е голема. По примерот на Исус, од срце им простувам на оние кои сурово ми нанесоа зло, и мене и на моето семејство, и понизно стојам пред Вас другите, и барам прошка. Проштевајте и простено нека Ви е“, гласи пораката на Бошковски.