Гаши стана лидер на БЕСА на тетовскиот конгрес

by Фокус

Со 522 гласа „за“, 12 „против“ и 8 воздржани, Африм Гаши е избран за лидер на денешниот конгрес, одджан во Тетово од страна на групацијата во БЕСА што побара смена на Биљал Касами.

-Отсега БЕСА ќе биде партија не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права коишто им следуваат – рече Гаши, додавајќи дека ќе се залага за петте точки од програмата на партијата, меѓу кои евроатланската интеграција, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија за сите и за редефинирање.

Тој додаде дека нивните патишта со Касами се веќе одвоени без разлика на тоа каква одлука ќе донесе судот.

Поврзани новости