Љубе Бошкоски денеска се појави на судење за случајот „Ровер“, но во истиот момент во Кривичниот суд пристигна и премиерот Зоран Заев на кој му се суди во случајот „Поткуп“.
Бошкоски и Заев се сретнаа пред влезот на судот, по што се поздравија. Премиерот Заев искоментира дека и двајцата дошле да ја бараат правдата.
Според обвинителниот акт Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Наводно, една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
В.В.