1.3K
Љубе Бошкоски, поранешниот министер, е хоспитализиран на Инфективната клиника откако му се влошила состојбата вчера во текот на денот.
Нема подетални информации за неговото здравје, но според медиумите ситуацијата се искомплицирала.
Бошкоски е позитивен на Ковид-19 од минатата недела, а за тоа самиот извести. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска но се покажало дека е заболен.