Бошко Јосимовски Црвен: Ми се закануваат по интервјуто во Фокус!

by Фокус

Бошко Јосимовски – Црвен со кого Фокус неодамна направи интервју, сега за 24 Вести тврди дека животот и безбедноста на неговото семејство се во опасност. Секојдневни закани почнале токму по интервјуто во  Фокус во кое изјави дека  луѓе од партијата на власт го уценувале да го намести Зоран Заев како нарачател на насилните протести за Мартин Нешковски. Заканите, вели, нема да му го променат мислењето и ќе продолжи да ја критикува власта.

„Ми ја изгореа душата,  не се плашам јас за мене , но ми го држат семејството во страв, мајка ми не седи дома, брат ми отиде во странство,“ вели Бошко Јосимовски – Црвен.

Како што Фокус објави Бошко Јосимовски Црвен е осуден на две години и четири месеци затвор за учество во толпа и попречување полицаец во извршување службена задача во текот на протестите пред Владата на 5 мај оваа година, поттикнати од објавените аудиоснимки на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски.

Тогаш, илјадници граѓани излегоа да протестираат во знак на револт што власта сакала да го скрие убиството.

По неколкучасовните протести, полицијата примени сила за да ги растури демонстрантите, при што дојде до судири, по кои десетици граѓани беа приведени. Неколкумина од приведените подоцна беа и осудени.

Најригорозната казна – две и пол години затвор му беше изречена токму на нашиот соговорник Јосимовски, а останатите добија пониски казни и условни осуди.

Поврзани новости