Борко Ристовски: Чест, но и обврска е да се биде дел од тимот на Мицкоски

by fokus

Македонскиот ракометен голман, Борко Ристовски, преку социјалните мрежи се заблагодари за можноста да биде дел од од стратешкиот тим на опозицијата.

„Чест, задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Од моја страна, можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт. Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации, клубовите, спортските работници и се разбира спортистите, пренесени од позитивните пракси од европските земји. Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија“, истакна Ристовски.

Поврзани новости