Кампања за подигање на јавната свест – со мали чекори до големи резултати

by Fokus

Целосно нова платформа посветена на вашето #Здравyeah. Фармацевтската компанија Фарманова почнува кампања за подигање на јавната свест – со мали промени во начинот на живот како и со додавање на суплементи во исхраната може да се постигнат големи резултати во превенција на сериозни болести.

-Човечкиот организам има потреба од одредени витамини и минерали за да функционира беспрекорно, но тие не се внесуваат секогаш преку храната или барем не во доволни количини. Токму тоа е и улогата на суплементите, да го надоместат она што се пропушта. Ние сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на овие производи кои можат навистина да го подобрат здравјето, да спречат појава на болести и да влијаат позитивно на целокупниот организам преку поголема концентрација и поголема сила“ вели Љупчо Шајновски, директор на Фраманова во Македонија.

Најважниот витамин секако е Ц, а меѓу позначајните минерали кои му се неопходни на човекот се цинкот, магнезиумот и селенот. Токму тие се дел од палетата производи „Директ“ на Фарманова.

„Како што и самото име кажува овие производи се за директна употреба, не е потребно со нив дури ни вода да се испие. Токму затоа се лесни и едноставни за консумирање и може да се земат во секое време и на секое место“ додава Шајновски.

Витаминот Ц е многу важен затоа што има бројни улоги во биолошките процеси и позитивни ефекти врз целото тело. Магнезиумот придонесува за нормална синтеза на протеини и нормален енергетски метаболизам, како и за нормална мускулна функција. Селенот поради своето антиоксидантно својство учествува во заштита на клетките и ткивата од штетното влијание на слободните радикали со што го забавува стареењето. Цинкот игра важна улога во метаболизмот на јаглени хидрати и масни киселини.

Само магнезиум, Витамин Ц со цинк и Селен со цинк се трите производи од линијата „Директ“ на Фарманова, а ефектите од нивното консумирање се видливи по само неколку недели.

Кампањата #Здравyeah ќе се обиде преку социјалните медиуми да влијае позитивно на здравјето на сите луѓе нудејќи совети за изхрана, за вежбање и секако информации за најдобирите и најквалитетните суплементи на македонскиот пазар.

 

Поврзани новости