407
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, им се заблагодари на оние кои гласаа за коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од него, јавува дописникот на МИА од Софија.
Благодарност до сите што не поддржаа, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.
Истовремено, високиот претставник на ГЕРБ и долгогодишен пратеник Тома Биков изјави дека ќе вложат максимални напори за формирање на редовна влада во Бугарија по објавувањето на официјалните резултати на Централната изборна комисија во земјата.
– Не коментираме хипотези, рече Тома Биков и додаде дека никого не исклучуваат за преговори. Тој беше дециден дека се подготвени на апсолутно сè, додавајќи дека се одговорни луѓе.