Заев: Честитки на мојот добар пријател Борисов за победата

by fokus

Поранешниот премиер Зоран Заев преку социјалните мрежи му ја честита победата на неговиот поранешен колега од Бугарија, Бојко Борисов.

-Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори. Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Бојко Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан, напиша Заев.

Конзервативната партија на бугарскиот поранешен премиер Бојко Борисов е во водство по одржаните парламентарни избори во Бугарија. Според нецелосните резултати, партијата ГЕРБ на Борисов освоила околу 25 проценти од гласовите.

Поврзани новости