Борисов: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, ние немаме поблизок народ!

by fokus

Секогаш сме истакнувале дека Северна Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по консултативната средба кај претседателот Румен Радев на која присуствуваа и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

-Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината, рече Борисов.

Софија, додаде бугарскиот премиер, сака заедно со Северна Македонија преговорите да ги почне и Албанија.

Каракачанов, пак, по средбата, како и пред неколку дена, кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу  јасни услови. И Каракачанов смета дека најдобра варијанта би била Северна Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.

Поврзани новости