616
Првичните резултати за изборите во Софија покажуваат изедначен резултат. ГЕРБ на Бојко Борисов освоила 22,1% од гласовите, а „Има таков народ“ на Славеј Трифонов 21,5%. За БСП гласале 15,1%, за Демократска Бугарија 13,7%, за ДПС 12% и за партијата „Исправи се“ 4,8%.
Во пратенички мандати, ГЕРБ би освоил 59 мандати, „Има таков народ“ – 58, БСП-41, Демократска Бугарија-37, ДПС-32 и партијата „Исправи се“ -13 мандати.
Партијата на Красимир Каракачанов, според првичните резултати не го освоил потребниот цензус за влез во бугарското собрание.
Ова се првични резултати кои бугарските медиуми ги објавија врз основа на прогнозите на агенциите за испитување на јавното мислење.
Бугарското собрание има 240 пратеници.