Османи: Настаните во Сребреница кога беа убиени над 8.000 цивили, не смеат да се заборават

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со високи претставници на држави од регионот и светот, денеска се обрати на годишнината на геноцидот во Сребреница.

-Настаните од јули 1995 година, кога беа убиени над осум илјади цивили, не смеат да се заборават, ниту фактите поврзани со него релативизирани, како гаранција дека истото нема да се повтори. Извлечените поуки за овој настан, како и заложбите за градење на траен мир и просперитет претставуваат надеж за идните генерации и регионот во целост, истакнал Османи.

Како што соопшти попладнево Министерството за надворешни работи, Османи порачал дека европската перспектива за сите земји од регионот е најголемата трансформативна енергија што ги придвижува државите напред кон прогрес.

-Остануваме максимално посветени на градење хумани и демократски општества, во кои ќе владее правото и ќе се почитуваат човековите слободи и права, ќе за залагаме за промовирање на еднаквоста и почитување на различностите, на послабите и немоќните, нагласил Османи во обраќањето.

Поврзани новости