Борис Тадиќ им се извини на Македонците

by Фокус

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ од Охрид изјави дека се чувствува виновен што не му упатил извинување на македонскиот народ во времето кога ја извршувал претседателската функција, за, како што рече, некои лоши работи во историјата.

– Се чувствувам виновен што не му упатив извинување на македноскиот народ од позиција на претседател поради некои лоши работа во историјата, кога овде била српската жандармерија и кога немаше секогаш сјајсни искуства за македонскиот народ. Еве токму поради тоа, како поранешни престедател, сакам да го упатам и тоа извинување и да ја поправам мојата грешка која ја направив како претсадател на републиката. Еве и на овој начин сметам дека придонесувам во зближувањето на двата народи – истакна Тадиќ.

Екс српскиот претседател смета дека спорот меѓу македонската и српската црква е единствена пречка за посакуваниот напредок во односите меѓу двете земји, кои, според него, се органски поврзани.

 

Поврзани новости