Јанкуловска: Џамиите не се наша работа!

by Фокус

Министерството за внатрешни работи нема надлежност да прави контрола во џамиите, рече министерката Гордана Јанкуловска, откако поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, побара помош од полицијата за да поврати две џамии во Скопје надвор од контрола на ИВЗ.

– Претпоставувам дека поглаварот на ИВЗ излегува со спектакуларни најави и изјави во контекст на некој евентуален негов реизбор или позиционирање таму кадешто аплицира за позиции – изјави Јанкуловска, додавајќи дека МВР ги презема сите мерки и активности во функција на одрежување на визок степен на национална безбедност.

Поврзани новости