772
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон вечерва би требало да најави ново „заклучување“ во цела Англија, слично со мерките кои беа воведени во март 2020 година кога почна пандемијата.
Во извештајот на Би Би Си се вели дека овие мерки подразбираат затворање на училиштата, а на вработените ќе им биде наложено да работат од дома освен ако за тоа не постојат можности или е неопходно нивно присуство во непходните служби.
Телевизиското обраќање на Џонсон се очекува околу 20 часот, а мерките би требало да стапат на сила од полноќ.
Инаку, Шкотска вечерва воведува целосен „локдаун“ којшто ќе трае до крајот на јануари, за да се избегне некотролирано ширење на корона вирусот. Новите мерки потсетуваат на строгите рестрикции воведени во март.