Полицијата во куќата на Вук Бориловиќ, човекот кој во петокот изврши маскар во црногорскиот град Цетиње најде над 4.000 евра и куршуми. Имало осум куршуми за ловечка пушка и 4.200 евра.
Полициската управа во Црна Гора објави дека куќата на убиецот е претресена, а притоа не се пронајдени камери во неговиот дом, но сепак од неколку други локации полицијата земала снимки кои може да дадат повеќе информации за инцидентот.
Бориловиќ уби 10 луѓе, а повреди уште шест пред да го застрелаат во Цетиње. Масакрот уште еднаш го отвори прашањето за достапноста на огненото оружје на Балканот, каде 90 отсто од целото оружје е во рацете на граѓаните.
Граѓаните во регионот имаат девет пати повеќе оружје од армијата и полицијата. Се проценува дека има 30 парчиња оружје на 100 жители, додека во Србија и во Црна Гора има 40 парчиња лесно оружје на 100 жители.
Инаку, Бориловиќ е погребан на тајна локација, надвор од градот. Локацијата на гробот е скриена за да не биде сквернавена.