Некои западни земји чекаат Украина да падне, вели Кулеба

by Фокус

Некои западни земји чекаат Украина да се предаде за сите проблеми да се решат самите од себе, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

-Министрите за надворешни работи честопати ме прашуваат во интервјуа и разговори: колку долго можете да издржите? Наместо да прашаат: што друго треба да се стори за да се победи во најкусиот можен рок – рече шефот на украинската дипломатија во интервјуто со украинскиот новинар Дмитро Гродон.

Според Кулеба, се добива чувството дека сите чекаат Украина да падне и оти проблемите самите од себе ќе исчезнат.

-Кога станав министер, имав мечта да отворам нови хоризонти за Украина. Претседателот (Владимир Зеленски) постојано разговара со африканските челници, со латиноамериканските, австралискиот премиер допатува во земјата (…) Тоа е освојување на светот, да, едноставно сакам да се издигнам до тоа – признава Кулеба во интервјуто емитувано на YouTube.

Поврзани новости