Борец за женските права кој одби да плаќа алиментација за синот – Франсоа Пино, човекот кој вети 100 милиони евра за катедралата во Франција

by fokus

Името на познатиот француски милијардер Франсоа Анри Пино (57) деновиве се најде во центарот на вниманието на светската јавност, откако тој вети дека заедно со неговиот татко, Франсоа Пиноа (82) ќе ја помогне реконструкцијата на изгорената катедрала Нотр Дам во Франција.

Бизнисменот кој е сопруг на холивудската актерка со мексиканско потекло, Салма Хајек е претседател и извршен директор на луксузната групација ,,Керинг С.А.” со седиште во Париз, која поседува брендови на производи помеѓу кои Gucci, Yves Saint Laurent, Balenciaga, Alexander McQueen, Bottega Veneta, Boucheron, Brioni и Pomellato.
Исто така, тој е претседател и на холдинг компанијата ,,Groupe Artemis” која ја поседува познатата ликовна аукциска куќа ,,Christie’s”, винаријата Chateau Latour, Le Point, Stade Rennais F.C. и театарот ,,Marigny”.

Но, и покрај тоа што неговото богатство во септември 2018 година е проценето на 30,6 милијарди долари, а на татко му 35,4 милијарди долари, сепак бизнисменот пред неколку години беше топ тема во светските медиуми поради тоа што се откажа од синот кој го има со супер моделот Линда Евангелиста.

Причините поради кои се откажал од синот и одбил да му плаќа алиментација биле наводно, дека минатото не го интересира и тоа што Евангелиста покренала судска постапка против него можело да ја загрози бременоста на Салма, бидејќи целиот случај бил голема траума за актерката. Инаку, Линда барала месечна алиментација од 46.000 долари, дадилка и обезбедување.

Пино има уште три деца, покрај синот со Евангелиста. Со Салма ја доби ќерката Валентина, а од првиот брак со жена која е непозната за јавноста има две деца. Со Салма е во брак од 2009 година.

Една година пред да стапи во брак со неа ја основал фондацијата Керинг која ги брани и промовира правата на жените. Во 2015 година ја стартувал програмата ,,Жените во движење” на филмскиот фестивал во Кан, со цел и во филмската индустрија да се развијат родовите прашања.

Вики Клинчарова

Поврзани новости