Кратовец убил сосед па се самоубил во својот двор

by fokus

57-годишник со иницијали Г.К. од селото Луково во Кратово вчера попладне го застрелал својот сосед, 66-годишниот Р.А., по што и самиот се самоубил во дворот од својата куќа.

Случајот бил пријавен во полиција околу 14.20 часот. Од полицијата информираат дека Г.К. имал здравствени проблеми.

„Г.К. отишол до куќата на Р.А. (66) од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот. Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости