649
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште еднаш предупреди на глобалниот недостиг од храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на жито, бидејќи житото поради борбите не може да се извезува, да се жнее или да се сади.
-Има недостиг од храна и тоа ќе продолжи. Кога ја има, таа е скапа, многу поскапа отколку што многу луѓе може да си дозволат – рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за развој на ЕУ.
Ако луѓето трошат повеќе средства за храна, додава тој, имаат помалку за образование и здравје, што, според него, ќе ги продлабочи сиромаштијата и нееднаквоста.