Борел: Во следните две години Европа ќе се откаже од рускиот гас

by fokus

Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“.

Борел наведе дека европските земји „се трудат да ги диверзифицираат изворите на гас за европа“ и „да ја намалат зависноста од руските енергетски суровини, но не и да ги забранат“.

Шефот на европската дипломатија, исто така, истакна дека Европската унија „се стреми да формира специјална армија за да се спротивстави на заедничките предизвици“.

Според Борел, Европа во моментов се соочува со невиден бран бегалци од Украина. Тој додаде дека овој товар „ќе го споделат сите земји во Европа“.

Поврзани новости