565
Шефот на дипломатијата на Европската унија , Жозеп Борел, вечерва повика на итна деескалација на северот на Косово. Како што рече тој, секоја провокација или еднострана акција што е спротивна на интересите на луѓето во регионот мора да се избегнува.
-Го повикуваме раководството во Белград и Приштина да преземат одговорен пристап и да работат преку дијалог со посредство на ЕУ со цел да избегнат понатамошна ескалација, да воспостават мирна атмосфера и да работат на одржливи решенија – порача Борел.
Во интерес на сите, додаде тој, е да се бара начин напред што овозможува слобода на движење и што, според него, го подобрува секојдневниот живот на луѓето.