806
Потпретседателот на ЕК, Жосеп Борел на прес-конференцијата во Владата во Македонија истакна дека го разбира разочарувањето на македонските граѓани поради непочнатите преговори за членство во ЕУ на нашата земја.
„Го разбирам разочарувањето кај луѓето од Северна Македонија. Јас доаѓам од Шпанија и ние мораше долго да чекаме и ги разбирам вашите чувства. Преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија е проценка и заложба. Одлуките на Владата ја поврзуваат земјата со вредностите на ЕУ, но јас не можам да ви ветам датум, туку само волја“, рече Борел.