Борел: ЕУ ќе обезбеди непречено снабдување со енергија за Украина и Западен Балкан

by Fokus

Русија не се двоуми енергенсите што ги праќа во Европа да ги користи како оружје за геополитичка добивка и ние треба да покажеме одлучност во подобрување на снабдувачката со енергија за Украина и Западен Балкан, изјави шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, на министерски состанок за енергетика САД-ЕУ што денеска се оддржа во Стејт департментот.

-Мислам дека треба да испратиме силна порака за одлучност да се подобри енергетската сигурност за Европа и за нашите директни соседи Украина и Западен Балкан, изјави тој.

Додаде дека ЕУ се наоѓа среде голема дипломатска криза со Русија, „која не се двоуми енергијата што ја снабдува во Европа да ја употреби како оружје за геополитичка добивка, кога цените на енергенсите пораснаа низ целиот свет“.

-Им кажавме на нашите најголеми снабдувачи на енергенси да се подготват и да обезбедат сигурно снабдувањето со енергија, достапно и гарантирано не само за ЕУ, туку и за нашите соседи Украина, Молдавија, и Западен Балкан.

Борел истакна дека ситуацијата налага Европа и светот да пристапат кон диверзификација на снабдувачката со енергенси.

Во својот воведен говор, американскиот државен секретар Ентони Блинкен се заблагодари на ЕУ за покажаната подготвеност да поддржи проекти што ќе овозможат Украина да прима природен гас од Европа и да ја поврзе својата електродистрибутивна мрежа со онаа на ЕУ. За тој проект САД во изминатите години помогнале со 138 милиони долари.

Тој додаде дека САД поддржувале проекти за соработка во енергетиката на Западен Балкан.

-САД со години ги поддржуваат напорите за конекција на електродистрибутивните мрежи на Западен Балкан со тие на ЕУ, за да се забрза транзицијата од јаглен и фосилни горива, изјави Блинкен.

Последните такви иницијативи се преку Акцискиот план за зелена агенда при што се поврзаа електро мрежита на Албанија и Косово, воспоставен е заеднички енергетски пазар, зголемена е употребата на обновливи извори на енергија, и земјите избираат диферзифициран начин за снабдување.

Поврзани новости