Борче Наумовски – Министерот и Гавазова заминаа во Австралија и најавија дека ќе има бум – бум!

by fokus

Популарната фолк пејачка Сузана Гавазова и нејзиниот колега Борче Наумовски – Министерот заминаа на турнеја во Австралија.
Настанот ветуваат дека ќе биде спектакуларен, и го нарекоа Бум – Бум, според хитот на пејачката.

Планирано е да гостуваат во голем број на градови, како Сиднеј, Волонгонг, Перт, Мелбурн…
Заедно со нив ќе настапат музичарите Гоце Петрески, Стивен Стојчевски и Виктор Крстевски.

Концертите започнуваат од 24-ти март и ќе се одржуваат се до 22-ри април, кога завршува нивната пролетна турнеја. Заедно со нив е и менаџерот Пикси од модното студио Санел, со свои модели, а на социјалните мрежи добија голем број на позитивни коментари од наши иселеници во Австралија, кои се радувале на претстојните настани.

Вики Клинчарова

Поврзани новости