Борбата за празно место во автобус е пожестока од борбата за празно место во парламент!

by lali 13:14
13:14

А бе у вторник и електричен стол да има стаено у државен автобус ќе биде зафатен.

Какво време иде, и за у автобус ќе ти треба партиска книшка. Ако у случај видиш слободно место да моеш да седнеш.

- Advertisements -

Небитен си ко приватен автобус за пензионер у вторник.

Ако у автобус си играш со топка, у вторник и петок има најголеми шанси да ти ја дупнат.

Чекаш автобус? Мрзнеш на автобуска ко манџа у дубоко? Запали цигара за да дојде автобус!

Се возиш у автобус и приметуваш дека ти го нема телефонот? У секунда имаш Мајкл Џексон денс низ сите џебови.

За приватниве автобуси секоја крената рака е автобуска станица.

Стануваш на кривина у автобус и за да не паднеш се фаќаш за шипката и се вртиш ко украинка у струшко село.

Има луѓе со кои и да седиш заедно пола саат, немаш ништо што да муабетиш. Еве ко на пример, ја со женава што седи до мене у автобус.

Мене мајка ми ко мал ми викаше: Ти Владе сине, коа ќе пораснеш не треба да полагаш за кола, ти си сине роден за да те возат. И ете, тоа се остварува. Ме возат, со автобус, чат државен, пат приватен.

Едвај чекам да ја видам новата реклама на ЈСП како Миле Јанакиевски прави шпага у стилот на Жан Клод качен измеѓу два двокатни градски автобуса и се вози низ Скопје. Во вторник и петок.

Дедо, кој број е овој автобус? – Зар е важно тоа синко, зар е важно?!

Пензионерски муабет у маало. А бе, у кој автобус ќе искачаш утре?

Стенд ап комедија. Сите седат у автобус, само ти стоиш!

Совет број 19 од прирачникот за секојдневни безизлезни ситуации: Коа у автобус ќе те фати контрола без билет, легни на земја и прај се мртов. Ретко успева ама вреди да се проба.

 

Шала на страна, луѓето се делат на оние што се возат со автобус и оние што не се возат. Оние што се возат со автобус се делат на оние што седат и што не седат во него. Оние што седат во автобус се делат на оние што не стануваат и оние што стануваат кога ќе видат постар човек, трудна жена или родител со мало дете. Е оние што стануваат во автобус мора да се почитуваат и чуваат зашто се ендемски вид и се едни од последни борци за културата, доброто однесување и почитта кон останатите.