596
Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за „Фокус“ вели дека ОЈО ги проучува информациите за бонусите и платите кои ги земале обвинителите на Специјалното јавно обвинителтво.
-Надлежен јавен обвинител ги проучува јавно објавените податоци за платите и надоместоците на СЈО. Откако ќе се согледаат сите релевантни податоци, ќе се постапи согласно Законот, односно ако се утврдат основани сомненија за сторено кривично дело ќе се отвори постапка, вели Јовески.
Ова следува откако на владината алатка „Отворени финансии“ беше објавена и висината на бонусите кои ги земале обвинителите од СЈО.