Бонева: Нема да коментирам истраги на орган, кој по закон нема право да отвора истраги

by Fokus

Специјалното јавно обвинителство покрена истрата под кодното име „Друмарина“ против Силвана Бонева, која како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, за патни трошоци за период од четири години наплатила од Собранието околу 100.000 евра.

Според истрагата, Бонева доставила сметки од патарини за 843 патувања со своето возило, на релација помеѓу местото на живеење во Струмица и Скопје.

Извршената анализа на СЈО покажува дека доколку прикажаните патувања биле реално направени, поминатата километража би изнесувала 235.928 километри. Од доказите пак е утврдено дека вкупната километража за наведениот период која ја направило возилото изнесува 133.520 километри.

„Фокус“ ја контактираше Бонева за да ни каже свој став за покренатата истрага против неа.

– Нема да коментирам истраги на орган, кој по закон нема право да отвора истраги – одговори преку смс-порака Бонева.

Поврзани новости