Во моментот во судницата во Кривичниот суд одекнуваат бомбите кои Специјалното јавно обвинителство како доказ ги поднесе за случајот „Траекторија“, односно за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.
Во еден од разговорите помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески, Јанакиески го известува дека Кинезите доставиле понуда за автопатот Миладиновци-Штип.
-Кинезите доставија и официјална понуда за Миладиновци-Шитп од 288 милиони евра, му вели Јанакиески на Груевски. Тој пак прашува – Дали е тоа многу?
Јанакиески му објаснува дека не е многу, бидејќи проценетата вредност била 250 милиони евра. Тогаш тој вели дека меморандумот треба да помине и на влада, па потоа да одат во Кина.
-Ова е биде многу битно, му враќа Груевски и му вели што побрзо да замине за Кина.
Јанакиески води разговор и со една непозната женска личноста на која и се жали дека тој нема пари(мислејќи за министерството), па затоа вели да се обратат кај Љупчо Георгиевски, директорот на Агенцијата за државни патишта, коментирајќи дека тој има пари. Соговорничката му вели дека во тој случај ќе наведат дека Министерството е во соработка со Агенцијата, која ги плаќа трошоците.
Миле Јанакиески во неколку наврати разговара и со тогашниот амбасадор во Кина, Оливер Шамбевски. Шамбевски со воодушевување ги прима повиците на Јанакиески.
-Како сте најпочитуван министре на светот, почнува еден од разговорите. Тој пак, го известува дека меморандумот за патиштата ќе помине на Влада. Шамбовски му вели дека тогаш ќе се слушне и со премиерот Груевски, но Јанакиески, штедливо расположен му вели: Не троши за џабе, јас ќе поминам во Влада и ќе му кажам.
Во еден од нивните разговори, министерот го информира амбасадорот дека тука работата се средува и сега треба да оди во Кина, за да како што вели, потпише таму меморандум со главниот.
-Топ Миле, топ, извикува Шамбевски, додавајќи дека едвај чека да дојде во Кина.
Јанакиески на тема за Кинезите зборува и со една машка непозната личност, која му раскажува дека многу убаво си поминале во Кина и дека сите ги научиле да пејат „Излези момче право на тераса“.
В.В.